ДУШАТА (и духот)

а) Вредноста на човековата душа

“Каква ќе му биде ползата на човекот, ако и сиот свет го добие, а својата душа ја загуби!? Има ли нешто повредно од твојата душа?” (Ев. Марко 8:36-37)

б) Составен дел на човекот

“А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа.”(1. Мојсеј 2:7)

“Самиот Бог, Кој е извор на мир, нека ве направи целосно свети и нека го зачува чисто целото ваше битие: духот, душата и телото, се до повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос” (1. Солун 5:23)

“Но има дух во човекот, и духот на Седржителот го вразумува.” (Книга за Јов 32:8)

“И да ти се врати телото во правта од којашто е земено, а духот при Бога, од Којшто потекнува.” (Проповедник 12:7)

“… не плашете се од луѓето… не плашете се од оние што можат да го убијат само телото, а не можат да ја убијат душата; плашете се единствено од Бог, Кој има моќ да ги уништи и душата и телото во пеколот!” (Ев. Матеј 10:26, 28)

“Како што телото без дух е мртво, така и верата без соодветни дела е мртва.” (Јаков 2:26)

“Човековата совест е Господова светилка и длабочините на душата му ги пребарува.” (Поговорки 20:27)

“Затоа ние не се обесхрабруваме. Иако нашите тела постепено пропаѓаат, духот во нас секојдневно се обновува.” (2. Коринт 4:16)