КРШТАВАЊЕТО

(Старогрчкиот библиски збор за крштавање е баптиѕо, што значи подронување, потопување)

а) Заповедано е од Исус

“Одете меѓу сите народи и создадете од нив Мои ученици; крштавајте ги во името на Таткото (Отецот), Синот и Светиот Дух.” (Исус, во Ев. Матеј 28:19)

“Секој што ќе поверува и ќе се крсти – ќе биде спасен. А секој што ќе одбие да поверува – ќе биде осуден.” (Марко 16:16)

“Петар им одговори: ,Секој од вас треба да се покае за своите гревови, и да се крсти во името на Исус Христос, за да ви бидат простени гревовите. Потоа ќе ви биде подарен Светиот Дух, а со Него и духовни дарби.” (Дела на апостолите 2:38)

“Што чекаш сега? Стани, крсти се и повикај Го Господ да ти ги измие гревовите!” (Дела на апостолите 22:16)

б) Значењето на крштавањето

“Зар не знаете дека сите што се крстивме, идентификувајќи се така со Исус Христос, преку крштавањето ,умревме- заедно со Него?” (Римјаните 6:3)

“Кога се крстивте, вие всушност се погребавте со Христос, а потоа воскреснавте, бидејќи верувавте во Божјата сила што Го воскресна Христос од мртвите.” (Колос 2:12)

“Таа симболика го претставува крштавањето со кое сега сте спасени. Крштавањето не е отстранување на нечистотијата од телото, туку завет пред Бог што се дава со чиста совест. Тоа е сега можно затоа што Исус Христос воскресна.” (1. Петар 3:21)

в) Крштавањето на Исус

“Во тоа време, од Галилеја дојде Исус да се крсти кај Јован, во реката Јордан. А Јован го одвраќаше, велејќи Му: ,Ти треба да ме крстиш мене, а не јас Тебе!- Но Исус му рече: ,Така треба да биде сега, зашто ние треба да исполнуваме се што е правилно.- Тогаш Јован се согласи и Го крсти. И тукушто се крсти Исус и излегуваше од водата, наеднаш небото се отвори и Јован го виде Божјиот Дух, во облик на гулаб, како слегува и се спушти над Исус. Се чу и глас од небото, кој рече: ,Ова е Мојот Син – Мојот Љубимец, со Кого наполно Сум задоволен!” (Матеј 3:13-17)

г) Повторено крштавање

“Додека Аполос беше во Коринт, Павле патуваше низ внатрешноста, во околината на Ефес, а потоа се симна во градот. Таму најде неколку нови Христови следбеници и ги праша: ,Го примивте ли Светиот Дух кога поверувавте?- Тие му одговорија: ,Ние и не знаеме дека постои Свет Дух!- Тогаш Павле ги праша: ,А како сте крстени?- ,Онака како што крштаваше Јован Крстител- – му одговорија тие. Павле им рече: ,Јован ги крштаваше луѓето кои се каеја поради своите гревови. И самиот тој им велеше на луѓето дека е неопходно да веруваат во Оној што доаѓа веднаш по него, а тоа беше Исус.- Кога го слушнаа ова, одново се крстија, овој пат во името на Господ Исус. (Дела на апостолите 19:1-5)

д) Крштавње со (во) Светиот Дух

“Јас ве крштавам во вода, врз основа на вашето покајание, но Оној што иде по мене е многу поголем од мене и јас не сум достоен ни сандалите да Му ги одврзам; Тој ќе ве крсти со (во) Светиот Дух…” (изјава на Јован Крстител, во Матеј 3:11)

– види и под “Духовден”