ЛАГАТА (ЛАЖЕЊЕТО)

а) Бог не лаже

“Бог не може да лаже! Овие две работи – Неговото ветување и заклетвата – се непроменливи и затоа, за нас што сме нашле прибежиште кај Него, тоа претставува големо охрабрување, бидејќи ние со доверба очекуваме да го добиеме тоа на што се надеваме.” (Евреите 6:18)

“Таа произлегува од надежта дека ќе добиеме вечен живот, како што Бог уште одамна ни вети, а Тој не лаже.”

(Тит. 1:2)

б) Христијаните не треба да лажат

“Немојте да лажете. Вие веќе ја соблековте и ја отфрливте вашата стара природа, со нејзините навики.”

(Колос 3:9)

в) Лажговците ќе бидат казнети

“Кој лажно сведочи, нема да помине неказнет, и кој шири лаги – нема да се извлече!” (Поговорки 19:5)

“Кој лажно сведочи, нема да помине неказнет,

и кој шири лаги – ќе пропадне.” (Поговорки 19:9)

“Затоа Бог им испраќа една толку уверлива измама што ќе поверуваат во сите тие лаги.” (2. Солун 2:11)

“Тие што се недостојни, немаат пристап таму: ќе нема погани умови и лажговци. Во градот ќе живеат само оние чии имиња се запишани во Книгата на животот, составена од Јагнето.” (Откровение 21:27)

“А надвор од градот ќе останат кучињата, вражачите, блудниците, убијците, обожавателите на идоли и сите што ја сакаат лагата и што лажат.” (Откровение 22:15)