“Но има нешто што сакам да го знате: Секој маж има свој поглавар, а тоа е Христос, и секоја жена има свој поглавар, а тоа е нејзиниот маж. И Христос има свој поглавар, а тоа е Бог.” (1. Коринт 11:3)
“Зашто мажот е глава на својата сопруга, онака како што Христос е глава на Црквата. Тој е Спасител на Црквата, која е Негово тело.” (Ефес 5:23)
“Затоа, ќе ви повторам уште еднаш: секој маж нека си ја сака сопругата, онака како што се сака себеси, а жената нека го почитува својот сопруг.” (Ефес 5:33)
“Истото важи и за вас мажите. Секој маж нека си ја сака својата сопруга онака како што Христос ја сака Црквата и животот си го даде за неа.” (Ефес 5:25)
“Мажи, сакајте си ги вашите сопруги. Не однесувајте се грубо спрема нив.”(Колос 3:19)
“Вие, мажите, треба да бидете внимателни спрема своите сопруги. Тие не се толку силни како што сте вие. Почитувајте ги затоа што и тие, заедно со вас, ќе го наследат Божјиот милостив подарок – вечниот живот. Само така вашите молитви нема да бидат попречувани.” (1. Петар 3:7)