ОГОВАРАЊЕТО (Озборување, Клеветење)

“Не разнесувај клевети меѓу твојот народ и не станувај против животот на твојот ближен. Јас сум Господ!” (3. Мојсеј (Левит) 19:16

“Господе! Кој може да престојува во Твоето светилиште?

…тој, што со јазикот не клевети, на ближниот зло нему прави и за соседот лошо не говори…” (Псалм 15 (14): 1,3)

“…поради клеветите и лагите што ги шират, Твојот гнев нека ги проголта…” (Псалм 59 (58): 12-13

“Човек што си го сака животот и сака да доживее многубројни и среќни дни – нека си го варди јазикот од зла дума и усните од лага” (Псалм 34 (33): 12-13)

“Ако некого лажно си го обвинил – како со секира, со меч или со стрела да си го погодил!” (Поговорки 25:18)

“Значи, тие знаат за Бога, но ниту Го почитуваат како Бог, ниту Му се благодарни… клеветат, Го мразат Бога, дрски се, арогантни, фалбаџии, постојано измислуваат нови начини да направат некое зло” (Послание до христијаните во Рим 1:21, 30)

“Потсетувај ги луѓето… за никого да не зборуваат лошо…” (Тит 3:1,2)

“Пријатели мои, не зборувајте лошо еден против друг!” (Јаков 4:11)

“Лоши зборови да не излегуваат од вашата уста! Зборувајте поучни работи, зборови од кои слушателите ќе имаат некаква полза” (Ефес 4:29)