ПРИЧЕСТА (СПОМЕН ВЕЧЕРА ГОСПОДОВА; ЕВХАРИСТИЈА)

“Дојде денот на празникот Бесквасни лебови, кога за пасхалната вечера се колеа јагниња. Исус ги испрати Петар и Јован со следниве упатства: ,Одете и подгответе ја за нас пасхалната вечера.-” (Лука 22:7-8)

“На првиот ден од празникот Бесквасници учениците Му пристапија на Исус и Го прашаа: ,Каде би сакал да ја приготвиме пасхалната вечера?- Исус им рече да отидат во градот и на извесен човек да му кажат вака: ,Нашиот Учител вели: ,Дојде Моето време. Сакам да ја одржам пасхалната вечера, заедно со Моите ученици, овде, во твојот дом-.- Учениците постапија онака како што им заповеда Исус и таму ја приготвија пасхалната вечера. (Матеј 26:17-19 )

“Додека вечераа, Исус зеде леб, го благослови и го раскрши. Потоа им даваше на учениците и им говореше: ,Земете и јадете; ова го претставува Моето тело.- Потоа зеде чаша со вино, Му се заблагодари на Бог, и им ја подаде чашата на Своите ученици и им рече: ,Земете и пијте сите; ова ја претставува Мојата крв – крв на Божјиот завет со вас – крв што се пролева за простување на гревовите на многу луѓе. Ви кажувам дека отсега нема веќе да пијам од лозовиот род, се до денот кога одново ќе пијам со вас, во Царството на Мојот Татко. Потоа испеаја псалми и отидоа на Маслиновата Гора.” (Матеј 26:26-30 )

“На првиот ден од празникот Бесквасници, кога се колеа пасхалните јагниња, учениците Го прашаа Исуса: ,Каде би сакал да ја подготвиме пасхалната вечера?- Исус им рече на двајца од Своите ученици: ,Отидете во градот. Таму ќе сретнете еден човек како носи стомна со вода. Тргнете по него. Кога ќе влезе во куќата, речете му на домаќинот: ,Нашиот Учител прашува во која соба ќе може да ја одржи пасхалната вечера со Своите ученици?- Домаќинот ќе ви покаже една голема соба, на горниот кат, послана и подготвена. Подгответе ја вечерата таму.- Двајцата ученици отидоа во градот и најдоа се онака како што им беше рекол Исус. Таму ја приготвија пасхалната вечера. Вечерта, пристигна Исус со дванаесеттемина Свои ученици. За време на вечерата, Исус им рече: ,Еден од вас што вечера со Мене, ќе Ме предаде.- Тоа ги нажали учениците и тие почнаа еден по еден да Го прашуваат: ,Да не мислиш дека тоа ќе бидам јас?- Исус им одговори: ,Ќе биде еден од вас дванаесеттемина што мака од иста чинија со Мене! Јас, Синот Човечки, ќе умрам, како што е претскажано за Мене. Но тешко си му на човекот што ќе Ме предаде Мене, Синот Човечки! За тој човек, подобро ќе беше воопшто да не се родеше!- За време на вечерата, Исус зеде леб, го благослови, го раскрши на парчиња и им го подаде на учениците, велејќи: ,Земете, ова го претставува Моето тело.- Потоа зеде чаша вино, го благослови и им го подаде на учениците. Сите пиеја од него. Потоа им рече: ,Тоа ја претставува Мојата крв – крв на Божјиот завет со вас, која се пролева за мнозина. Ви велам дека отсега нема повеќе да пијам од лозовиот плод се додека одново не пијам во Божјото царство.- Потоа испеаја псалми и заминаа на Маслиновата Гора.” (Марко 14:12-26 )

“Кога дојде времето, Исус седна на трпезата со Своите апостоли, и им рече: ,Имав голема желба да ја јадам со вас оваа празнична вечера, пред да почнат Моите страдања; зашто, еве, ви кажувам, дека повеќе нема да ја прославувам пасхалната вечера, се додека во целост не се исполни нејзиното значење во Божјото царство!- Потоа Исус ја крена чашата, Му заблагодари на Бог и им рече на Своите апостоли: ,Земете го ова вино и поделете го меѓу себе. А, еве, ви кажувам дека по ова Јас повеќе нема да пијам вино се додека не се воспостави Божјото царство.- Потоа Исус зеде леб, Му заблагодари на Бог, го раскрши на парчиња и им го раздели, велејќи им: ,Ова го претставува Моето тело, кое се дава за вас. Правете го ова како спомен на Мене.- Исто така, по вечерата им ја подаде чашата и им рече: ,Оваа чаша со вино го претставува Божјиот нов завет, што ќе биде заверен со Мојата крв, која се пролева за вас.-“(Лука 22:14-20)

“И вам ќе ви го пренесам она што Господ мене ми го предаде. Ноќта кога беше предаден, Господ Исус зеде леб, се заблагодари, го раскрши и рече: ,Ова е Моето тело што се крши за вас. Правете го ова како спомен за Мене.- Исто така, по вечерата зеде чаша со вино и рече: ,Оваа чаша е Новиот завет меѓу Бог и вас, запечатен со Мојата крв. Потсетувајте се на ова секогаш кога ќе пиете за сеќавање на Мене.- Секојпат кога за оваа цел јадете од лебот и пиете од чашата, ја прикажувате смртта на Господ, се додека Тој повторно не дојде. Секој што недостојно јаде од лебот или пие од чашата Господова, виновен е за непочитување на телото и крвта на Господ. Секој прво нека се преиспита, а потоа нека јаде од лебот и нека пие од чашата принесена како Господова спомен – вечера. Зашто, оној што зема учество во спомен – вечерата Господова, а нема правилна вера, разбирање и почит спрема телото на Господ, си навлекува осуда врз себе! Затоа меѓу вас има многу слаби и болни, а некои дури и починаа.” (1. Коринт 11:23-30)