Најпрво бил ангел – херувим (види под “Ангели” – Луцифер)
Описни имиња за Ѓаволот
а) Обвинител (тужител)
“Потоа чув глас од небото, кој рече: ,Сега дојде спасението и Царството на нашиот Бог и власта на Неговиот Помазаник, бидејќи тужителот на Божјите луѓе, кој деноноќно ги обвинува пред нашиот Бог, е исфрлен!” (Откровение 12:10)
б) Непријател
“Бидете трезвени и постојано на штрек! Внимавајте! Вашиот непријател, Ѓаволот, како разјарен лав обиколува и си бара жртва за растргнување.” (1. Петар 5:8)
в) Ангел на бездната
“Тие имаа и свој цар – тоа беше ангелот на Бездната, чие име на хебрејски е Абадон, а на грчки – Аполион.”
(Откровение 9:11)
г) Ѓавол
“Тогаш Духот го одведе Исуса во пустината, за да биде искушуван од Ѓаволот.”(Матеј 4:1)
д) Убиец, Лажго, Татко на лагата
“Вашиот татко е Ѓаволот, и вие со задоволство ги извршувате неговите желби. Тој беше човекоубиец од почетокот и никогаш не бил на страна на вистината, зашто во него нема вистина. Кога лаже, тоа произлегува од неговиот карактер, зашто тој е лажго и татко на лагата.” (Ев. Јован 8:44)
ѓ) Кнез на темнината (мракот)
“Ние на се бориме против луѓе од крв и месо, туку против злите владатели и власти на невидливиот свет, против мрачните духовни сили што владеат со овој свет и против злите духови во небесните простори.” (Ефес 6:12)
е) Змија
“Тогаш змијата и рече на жената: ,Не, вие нема да умрете!” (1. Мојсеј 3:4)
“Тој го фати Змејот – старата Змија, познат и како Ѓавол и Сатана – и го окова во верига за период од илјада години.” (Откровение 20:2)
ж) Злиот
“Тврдата почва покрај патот ги претставува оние луѓе што ја слушаат пораката за небесното царство, но не се трудат да ја разберат. Ѓаволот (злиот) доаѓа и го отстранува посеаното кај нив.” (Матеј 13:19)
з) Неговиот крај (судбина)
“Тој го фати Змејот – старата Змија, познат и како Ѓавол и Сатана – и го окова во верига за период од илјада години.” (Откровение 20:2)
“Кога ќе изминат илјада години, Сатаната ќе биде пуштен од затворот во Бездната. Тој ќе тргне да ги заведува народите по сите четири страни на светот – народите на Гог и Магог, кои заедно со него ќе тргнат во војна. Ќе собере многубројна војска, колку што има зрнца песок на морските брегови. Тие ќе излезат на широката земна рамнина и ќе го опколат живеалиштето на Божјиот народ и Неговиот омилен град. Но тогаш ќе слезе оган од небото и ќе ја уништи целата армија. Тогаш Ѓаволот, кој ги заведуваше, ќе биде фрлен во Огненото Езеро полно со запален сулфур, каде што претходно веќе беа фрлени и Ѕверот и лажниот пророк. Таму ќе бидат деноноќно мачени, за вечни векови.”(Откровение 20:7-10)
*******
Афоризми за Ѓаволот
Ѓаволот лесно дава кредити, но се грижи и за наплатата и за каматата!
Ѓаволот им го преокупира умот на луѓето со минатото и со иднината и на тој начин им го одзема мирот на денешнината!
Ѓаволот прогонува, Бог поканува.
Ѓаволот ги користи празните глави на луѓето како депонија за смет!
Ѓаволот со задоволството ја ниша лулката на заспаниот христијанин!
Ако не ги сакаш горчливите плодови на гревот, не оди во овоштарникот на ѓаволот!
Ѓаволскиот мир е полош од ѓаволската војна!
Советите на ѓаволот се лоши, патеките уште полоши, а платата најлоша!
Атеистите го надминуваат ѓаволот: тој барем знае дека Бог постои!
Ѓаволот може да изгради ѕид околу тебе, но не може да му стави капак; затоа – гледај нагоре!
И ѓаволот е сликар: го прикажува гревот во најубави бои!
Ако ѓаволот се уште трча по тебе – значи дека се уште не те фатил!
Прилепи се до Бог, за да нема место за ѓаволот меѓу вас!