ЉУБОМОРАТА

а) Кај човекот

“Зашто, љубомората кај мажите е жестока и безмилосна на денот на одмаздата”(Поговорки 6:34)

“Положи ме како печат на срцето свое, како печат на мишката своја, зашто љубовта е силна како смрт; љубомората – лута како пекол; стрелите нејзини се стрели огнени; огнен жар на нејзиниот пламен.” (Песна 8:6)

б) Кај Господ Бог

“Немој да им се клањаш, ниту да им служиш, оти Јас сум Господ, Бог твој; љубоморен Бог, Кој за гревовите на татковците ги казнува децата до третото и четвртото колено, оние, кои Ме мразат.” (2. Мојсеј 20:5)

“И не клањајте се на други богови освен на Господа, бидејќи името Негово е ревниво; Тој е љубоморен Бог.” (2. Мојсеј 34:14)

“Бидејќи Господ, твојот Бог, е оган што гори, љубоморен Бог.” (5. Мојсеј 4:24)

“Не им се клањај и не им служи; зашто Јас сум Господ, Бог твој, Бог ревнител, кој, за гревот на татковците што Ме мразат ги казнувам децата, до третото и четвртото колено.” (5. Мојсеј 5:9)

“Зашто Господ, твојот Бог, Кој е покрај тебе, е љубоморен Бог; за да не се разгори гневот на Господа, твојот Бог, против тебе, и да не те истреби од лицето на земјата.” (5. Мојсеј 6:15)

“Господ е љубоморен Бог и одмазник; одмазник е Господ и страшен во Својот гнев: Господ им се одмаздува на непријателите Свои; не ги поштедува ни противниците Свои.” (Наум 1:2)